Вести Свет Топ вести

„Бегајте, ќе напаѓаме“ – израелските сили со нови повици за евакуација на Палестинците од Кан Јунис

Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа нови предупредувања за евакуација на Палестинците од областа Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа и дополнително ги прилагодија границите на хуманитарната зона, исклучувајќи ја населбата Ал Џала поради истрелувањето ракети од таа населба кон Израел.

ИДФ соопшти дека има намера да дејствува против Хамас во населбата Ал Џала поради големиот број напади од тој кварт врз Израел и дека стана опасно за палестинските цивили да останат во таа област, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска соопшти дека ја прилагодува хуманитарната зона врз основа на „прецизни разузнавачки информации што укажуваат дека Хамас инсталирал терористичка инфраструктура во таа област“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе