Сите тела на загинатите во авионската несреќа во бразилската држава Сао Паоло се пронајдени, потврдија властите во Бразил. Во тек е идентификација на жртвите во двомоторниот авион на компанијата „Воепас“ што се урна во областа на градот Вињедо.
Како што јави „Би-Би-Си“, бројот на жртви е ревидиран на 62, бидејќи по првите најави е потврдено дека на кобниот лет имало уште еден патник кој не бил евидентиран.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло во која загинаа сите патници и членови на екипажот.