Вести Свет Топ вести

Антитерористички мерки за Курск, Белгород и Бријанск – потези на Москва по украинскиот продор на руска територија

Руските власти воведoa антитерористички мерки во три региони што граничат со Украина, јавуваат руските медиуми.

Специјалниот режим ќе важи за регионот Курск, каде што Москва вели дека нејзините сили се борат против украинското навлегување, како и за регионите Белгород и Бријанск.

Мерките вклучуваат евентуално раселување на жителите, ограничување на транспортот во одредени области, зголемена безбедност околу чувствителните места и прислушување телефонски и други комуникации.

Руските мерки следуваат откако пред три дена украинските сили почнаа голема офанзива во областа Курск.

Над 1.000 украински војници влегоа во таа област, поддржани од тенкови и други оклопни возила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Не сум видовит, но пожари ќе има и во годините што доаѓаат, апел до граѓаните да ги исчистат сопствените дворови

Дејан Дејан

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе