Вести Свет Топ вести

Русија го блокира Јутјуб, Стејт департментот со осуда

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано се обидуваат да го ограничат пристапот на граѓаните до информации, a веста дека Кремљ ја успорува и блокира работата на Јутјуб е уште една потврда за ова, изјави портпаролот Метју Милер.

Изјавата доаѓа откако корисниците во Русија се пожалија на пречки и недостапност на Јутјуб во таа земја. Милер нагласи дека руските власти прават големи напори да го ограничат пристапот на луѓето до независни информации.

„Тоа се прави со забрзано темпо од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Тие постојано се обидуваат да ја ограничат способноста на руските граѓани да добиваат информации за акциите на својата влада“, рече Милер.

Од Стејт департментот изјавија дека САД и понатаму ги осудуваат ваквите дејства на Москва.

„Ние продолжуваме со повикот до Кремљ да престане да го блокира пристапот до информации за луѓето во Русија. И како што веќе кажавме претходно, ако го ограничувате пристапот на вашите граѓани до информации за вакви акции, тоа е знак дека тие акции најверојатно се незаконски“, додаде Милер.

Рускиот сервис за мониторинг на интернетот, Сбои.рф, соопшти дека во Русија биле регистрирани илјадници прекини на Јутјуб. Корисниците изјавиле дека можат да пристапат до овој сервис само преку виртуелни приватни мрежи (VPN).

Некои западни новинари кои се наоѓаат во Русија не успеале да го отворат Јутјубе. Веб-страницата останува достапна само преку некои мобилни уреди.

(Видео) Експлозии на аеродром, погодена енергетска инфраструктура, возила во пламен – жесток украински напад врз Курск, Липецк и на Крим

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Ниту една куќа не е изгорена во пожарот во Чучер Сандево, градоначалникот да научи да прави разлика што е куќа, а што викендичка

Дејан Дејан

Ангелов: Пожарот во Чучер Сандево е целосно ставен под контрола

Дејан Дејан

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе