Палестинците во Газа продолжуваат да се соочуваат со недостаток на храна и чиста вода за нивните семејства, речиси 11 месеци од војната во која Израел сериозно го ограничи влезот на многу потребната помош.
Децата во Кан Јунис наредени во долги редици чекаат да добијат храна во хуманитарните кујни и да полнат контејнери со вода за нивните семејства – залихи што не ги исполнуваат нивните дневни потреби.
„Човек добива 10 или 20 литри. За човек како мене кој има седум членови на семејството тоа не е доволно“, раскажува жител на Газа, посочувајќи дека на секое семејство му требаат најмалку 30 литри вода дневно.
Додаваат дека животот им станал „неподнослив“ и дека децата страдаат во лошите услови за живот и високите температури.
„Се заразивме со болести. Вода нема. Немаме хуманитарни кујни. Нашите деца се болни постојано и имаат грчевите во стомакот кои никогаш не престануваат“, раскажуваат дел од семејствата во кан Јунис.
Бунарите за вода низ Газа беа уништени во израелските воздушни напади, уништувајќи ги речиси сите резерви.