Вести Свет

ЕУЛЕКС: Ќе ја поддржиме косовската полиција во случај на немири

Европската мисија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС) соопшти дека внимателно ја следи безбедносната состојба на северот и дека, доколку е потребно, ќе ја поддржи косовската полиција во одржувањето на јавниот ред и мир и во случаи на немири.

„ЕУЛЕКС останува внимателен и во согласност со безбедносниот механизам на три нивоа за реагирање на Косово, подготвен е да ја поддржи косовската полиција доколку е потребно и неопходно да придонесе за одржување и подобрување на јавниот ред и безбедност во случаи на граѓански немири“. според одговорот на ЕУЛЕКС до РТВ 21 .

Таа мисија соопшти дека во согласност со својот мандат, продолжува внимателно да ја следи безбедносната состојба на Косово, пренесе Бета.

„Конкретно, со цел да се добие увид во ситуацијата, полициската единица на ЕУЛЕКС, која се состои од 105 полски полицајци, спроведува мобилни извидувачки патроли 24 часа на ден, вклучувајќи го – но не ограничувајќи се на – северот на Косово“, соопшти ЕУЛЕКС.

Тие додадоа дека безбедноста на сите заедници во Косово е нивен главен приоритет.

Во Косово за денеска е најавено отворање на мостот на Ибар, поради што можни се протести и во северниот и во јужниот дел на Митровица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе