Вести Свет Топ вести

Москва тврди: Украина нападна прекугранични позиции во областа Курск

Русија соопшти дека околу 300 војници од Украина извршиле прекуграничен напад во граничната област Курск, и во моментов од таму доаѓаат извештаи за борби во градот кој е дури 10 километри во внатрешноста на Русија.

Министерството за одбрана на Москва доцна синоќа соопшти дека околу „300 украински милитанти“ од 22-та механизирана бригада на Украина го започнале нападот во 8 часот, поддржани од „11 тенкови и повеќе од 20 оклопни борбени возила“.

Борбите се водеа во текот на денот меѓу пограничните села Николаево-Дарино и Олешња во регионот Курск, до граничните линии на Суџа, на 10 километри од линијата на фронтот, пренесува „Гардијан“.

Иако Русија рече дека го одбила упадот, извештаите од руските воени блогери и сликите на социјалните мрежи покажаа дека украинскиот напад бил суштински, иако не е јасно до каде и колку може да се одржи.

Руските блогери, пишуваат дека синоќа ситуацијата во регионот Курск останала тензична проследена со битки кои се водат во пограничните области.

„Судејќи според најновите снимки, украинските формации успеале да напредуваат на теренот“, се вели во написите на социјалните мрежи.

 

„По претрпените загуби, украинската диверзантска група се повлече на нејзината територија“, се вели во соопштението на руското Министерството за одбрана.

Целта на нападот би можело да биде обид на Украина, чија одбрана е затегната, да пренасочи некои руски сили да одбранат дел од линијата на фронтот кој во голема мера е неактивен од пролетта 2022 година – и исто така да го зајакне моралот дома.

Сепак, критичарите во Украина тврдат дека таквите напади не се со долгорочна воена цел.

Русија соопшти дека започнала воздушни напади врз украинските единици, а резервните сили биле преместени да ја зајакнат линијата на фронтот и уништила 16 оклопни единици на напаѓачите, вклучително и шест тенкови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе