Вести Свет Топ вести

Демонстрантите во Венецуела се судрија со полицијата по спорниот изборен резултат

Безбедносните сили во Венецуела употребија солзавец и гумени куршуми против луѓето кои протестираа поради спорниот изборен резултат во неделата.

Илјадници луѓе излегоа во центарот на Каракас во понеделникот вечерта, некои пешачеа со километри од сиромашните квартови на планините околу градот, кон претседателската палата, пренесува „BBC“.

Во главниот град на Венецуела избија протести еден ден откако претседателот Николас Мадуро тврдеше дека победил во изборната трка за уште еден мандат.

Опозицијата ја оспори изјавата за победа на Мадуро како измама, велејќи дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победи убедливо со 73,2 отсто од гласовите.

Опозициските партии се обединија зад Гонзалес во обид да го соборат претседателот Мадуро по 11 години на власт, во услови на широко распространето незадоволство поради економската криза во земјата.

Голем број западни и латиноамерикански земји, како и меѓународните тела, вклучително и ОН, ги повикаа властите во Венецуела да ги објават записите од гласањето од поединечни избирачки места.

Аргентина е земја која одби да ја признае изборната победа на претседателот Мадуро, а како одговор Венецуела ги отповика дипломатите од Буенос Аирес.

Дипломатите од шест други земји од Латинска Америка – Чиле, Костарика, Панама, Перу, Доминиканската Република и Уругвај – исто така беа повлечени поради она што министерот за надворешни работи Иван Гил на социјалните мрежи го опиша како „интервенционистички акции и изјави“.

Владата на Венецуела, исто така, најави привремена суспензија на комерцијалните летови за и од Венецуела со Панама и Доминиканската Република.

Силно воено и полициско присуство, вклучително и водени топови, имаше на улиците на Каракас со цел да се обидат да ги растераат демонстрантите и да ги спречат да се приближат до претседателската палата.

Толпата луѓе извикуваа „Слобода, слобода! и повикаа да падне владата.

Снимките покажуваат како горат гуми на автопатите и голем број луѓе на улиците, а полицијата на мотори пукаше со солзавец.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе