Вести Македонија Топ вести

Пожарот над Битола е под контрола, но сè уште има неколку активни жаришта

Пожарот над Битола е под контрола, но сè уште има неколку активни жаришта, а на терен се екипи кои будно ја следат состојбата, информираат од Противпожарната единица. Вчера во два наврата се интервенираше со шест воздухоплови, како поддршка на 120-те пожарникари и доброволци кои два дена се борат со огнената стихија на ридот над обиколницата кај Битола .

Битолските пожарникари, доброволци и вработени од јавните претпријатија и денеска се излезени на терен и ги санираат критичните точки и потенцијални жаришта на опожарените површини на ридот над Битола. По вчерашниот критичен ден кога во два наврата интервенираа шест воздухоплови, како поддршка на пожарникарите кои водеа битка огнот да не се рашири до селото Раштани, денеска од Противпожарната единица велат дека ситуацијата е под контрола.

„Од утрово сме на терен и вршиме догасување на жариштата во внатрешниот дел и на рабовите на пожарот. Го контролираме цел терен, имаме доволно екипи, сега засега ситуацијата е мирна“, вели Горан Димковски, командир на ТППЕ Битола.  

За два дена во пожарот над обиколницата кај Битола, изгореа 200 хектари шума и ниска вегетација, а зафатен е дел и од младите насади со кои се пошумуваше ридот по големиот пожар на истата локација во 2007 година.

„Првиот ден изгореа 100 хектари и вчера уште 100 хектари. Изгоре мешана шума и има еден мал дел зафатен од новите насади’, вели Димковски.  

Пожарот избувна на 15 јули попладнето од дива депонија покрај магистралниот пат Охрид – Битола – Прилеп и се прошири за кусо време. Од денеска пуштена е обиколницата над Битола која два дена беше затворена за сообраќај поради пожарот.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дигитален упис во средно догодина

Дејан Дејан

Младите не веруваат во брз влез во ЕУ

Дејан Дејан

Филипче – Кос: Потребен е внатрешен консензус за евроинтегративниот пат на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе