Пожарот во Битола е под контрола, но се уште има неколку активни жаришта, а на терен се екипи кои будно ја следат состојбата, информира командирот на битолската Противпожарна единица, Горан Димковски.
Вчера во два наврати се интервенираше со шест воздухоплови, како поддршка на 120те пожарникари и доброволци кој 20 часа се бореа со огнената стихија на ридот над Битола.
Пожарот беше делумно изгаснат напладне, но само за неколку часа пак се разгоре.
Поради опасноста да се доближи до битолското село Раштани, повторно беа активирани воздухопловите, а со повеќекратни надлетувања на 5 ер трактори од Македонија и Турција и хрватскиот канадер, пожарот од синоќа е под контрола.