Вести Свет

Налог за апсење, па меѓународна потерница – суд во Москва ја обвини Јулија Навални за учество во екстремистичка организација

Басманскиот Окружен суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство на Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради нејзината наводна вмешаност во екстремистичка заедница.

„Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа, таа е ставена на потерница“, се наведува во соопштението на судот, пренесено од руските медиуми.

Судот појаснува дека одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална, откако ја разгледал претставката на истражните органи.

„Таа е обвинета за сторено кривично дело според делот 2 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација – учество во екстремистичка организација“, се додава во соопштението.

Притворот се смета од моментот на екстрадиција на територијата на Русија или од моментот на задржување на територијата на Руската Федерација.

Федералното надзорно тело за финансии Росфинмониторинг денеска донесе одлука Навална да ја вклучи во регистарот на организации и поединци вклучени во екстремистички активности или тероризам.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе