Вести Свет

Австралија назначи специјален пратеник за борба против антисемитизмот

Австралија ја назначи бизнисменката Џилијан Сегал за свој специјален пратеник за борба против антисемитизмот, во услови на зголемени тензии околу војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.

Сегал беше на чело на неколку клучни тела кои ја претставуваат еврејската заедница и имаше високи улоги во образовниот и банкарскиот сектор.

Со ова назначување Австралија го следеше примерот на земји како Соединетите Американски Држави, Канада, Грција и Велика Британија, кои со години имаат слични позиции.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе изјави дека наскоро ќе биде назначен специјален пратеник за борба против исламофобијата. Конфликтот на Блискиот Исток стана важно политичко прашање во Австралија, поради протестите на еврејската и муслиманската заедница, како и поради наглото зголемување на исламофобијата и антисемитизмот.

-Австралијците се длабоко загрижени за овој конфликт (на Блискиот исток) и во вакви времиња, Австралијците мора да се држат заедно и да не се делат, рече Албанезе

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе