По вчерашните разорни руските ракетни напади во кои загинаа 41 лице, а 166 се повредени, прогласен е ден на жалост во Украина.
Вчерашниот беше еден од најголемите напади на руските сили изминатите неколку месеци, а во нив погодена беше и главната детска болница во Киев каде загинаа две лица.
Потрагата по преживеани под урнатините продолжува денеска.
Русија негираше дека цел на нападот била детската болница и тврди дека таа била погодена од делови од украинска ракета за воздушна одбрана, додека Украина соопшти дека пронашла остатоци од руска крстосувачка ракета.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нападот го оцени како „брутален“, а за рускиот претседател Владимир Путин рече дека е „крвожеден криминалец“.
Според властите во Киев Русија вчера истрелала повеќе од 40 проектили, оштетувајќи речиси 100 згради во Киев, Дњепар, Криви Рих, Славјанск и Краматорск.