Вести Македонија Топ вести

„Црна вдовица“ каснала струмичанец кој е во тешка состојба, објави директорот на Токсикологија Чибишев

Директорот на Токсикологија Андон Чибишев на ФБ објави информација дека на клиниката е примен пациент кој според симптомите најверојатно е каснат од отровниот пајак „црна вдовица“.

-Во текот на викендот на Универзитетската клиника за токсиколгија е примен пациент во исклучително тешка општа состојба заради каснување од инсект кој според информациите од дежурниот доктор од Општата болница во Струмица и кажувањето на пациентот бил црн инсект кој личел на пајак. Според клиничката слика и клиничките манифестации пациентот е каснат од пајак „црна вдовица“ (Latrodectus),  инсект чие каснување може сериозно да го загрози здравјето и животот.

Чибишев го истакна „високопрофесионалниот пристап и реакцијата на дежурната екипа од Општа болница во Струмица кои пружиле соодветна итна помош и по пријавување на случајот во Токсиколошкиот информативен центар на Универзитетската клиника за токсикологија и консултација со нашиот дежурен доктор и дежурната екипа итно го транспортираа пациентот во клиниката во Скопје.“

-Исто така, сакам да го истакнам високостручниот  пристап според воспоставените протоколи  на дежурната екипа од Универзитетската клиника за токсикологија кои го хоспитализираа и во текот на неколку часа  ја стабилизираа  состојбата на пациентот, наведе Чибишев.

Пајаци од видот Latrodectus живеат на сите континенти освен на Антарктик. Во јужните делови на Европа, во Медитеранот, во областа околу Каспиското море (Кавказ) и околу Црното Море живее таканаречената европска црна вдовица. Има силен отров, гризнатиот човек чувствува силна и непријатна болка при каснувањето, но ретко случаите завршуваат фатално доколку не добијат навремено помош и серум.

Македонија не е дел од областа каде живее европската црна вдовица иако со климатските промени, многу животински видови ги шират своите живеалишта или се преселуваат кон територии каде има слични услови за живот.

Д-р Чибишев во својот пост ги предупреди граѓаните да внимаваат од опасни видови на пајаци и змии, од кои доколку се отровни, може да бидат затруени како што се случи со пациентот од Струмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кина ја започна првата мисија за прибирање примероци од астероид

Дејан Дејан

Маск ја напушта советничката функција

Дејан Дејан

Федерален суд во САД ги блокираше реципрочните царини на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе