Вести Македонија Топ вести

Маричиќ, Шаќири и Бајрами остануваат на државна плата

Поранешните министри Бојан Маричиќ и Јетон Шаќири и во наредната година ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри. Апанажа ќе добива и Наим Бајрами, кој беше на позицијата министер за информатичко општество само четири месеци, откако претходната влада го разреши тогашниот министер Азир Алиу, но по закон, оваа поволност може да ја користи само три месеци.

Екс-министрите Фатмир Бесими, Кренар Лога и Крешник Бектеши сѐ уште не се изјасниле дали ќе го искористат ова право.

Бујар Османи, Артан Груби, Славица Грковска, Ристо Пенов, Азир Алиу и Каја Шукова нема да бараат апанажа и се враќаат на нивните поранешни работни места. Груби се враќа на старата професија на Тетовскиот универзитет како професор по новинарство, додека неговиот сопартиец, Бујар Османи, се враќа на Клиниката за дигестивна хирургија. Грковска се враќа на своето работно место во МВР, Шукова останува вработена во Министерството за животна средина, а Пенов и Алиу во приватниот бизнис.

Екс-премиерот, Димитар Ковачевски и поранешните министри, Оливер Спасовски, Благој Бочварски, Јованка Тренчевска, Љупчо Николовски, Фатмир Битиќи и Славјанка Петровска, како  и ексдиректорката на УЈП, Сања Лукаревска, станаа пратеници.

Комисијата за избори и именувања досега одобри апанажа на околу 40 поранешни функционери. Ова значи дека овие функционери во наредните 12 месеци ќе ја примаат истата плата што ја добивале како министри, пратеници, директори на јавни претпријатија и слично, а е тоа е од 1.500 до 2.000 евра месечно. Против апанажите гласа само пратеникот од Левица во оваа комисија, Борислав Крмов.

На оваа седница, комисијата ја предложи и Марина Димовска, дипломиран политиколог, со повеќегодишно работно искуство во собраниската служба, за генерален секретар на Собранието. За нејзин заменик е предложен Никола Ѓошевски, дипломиран правник од Скопје. Предлозите треба да бидат изгласани и од мнозинството пратеници.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пругата кон Бугарија е важна затоа што североисточниот регион е шестпати посиромашен од скопскиот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе