Вести Македонија Топ вести

Ристоска – Јолевски 2:0 – нова победа на обвинителката пред Управен суд во докажувањето на дискриминација против неа

По онаа пред комисијата за спречување дискрминација, нова победа на обвинителката Ленче Ристоска над поранешниот претседател на советот на јавни обвинители. По неколку рочишта, управниот суд пресуди дека поранешниот претседател Јолевски ја дискриминирал обвинителката Ленче Ристоска.

Ја одби неговата тужба како неоснована и го прифати мислењето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, па сега Јолевски ќе може да се жали пред Вишиот управен суд.

Паралелно со оваа постапка против Јолевски е поднесено барање до прекршочниот оддел во Кривичниот суд за да плати глоба, затоа што не се извини, иако Комисијата утврди дека ја дискриминирал Ристоска, затоа што била на породилно отсуство при изборот на обвинители во Вишото јавно обвинителство, кога таа по вторпат не беше унапредена.

Но, не заврши пред Ристоска, туку пред комисијата на чија што одлука Јолевски се жалеше пред управниот суд. Тој одби јавно да се извини, тврдејќи дека не сторил дискриминација и ја даде комисијата на Суд.

Неговата одбрана е дека Ристоска не била унапредена, затоа што тогашниот републички Јавен обвинител не доставил извештај за нејзината работа, иако членовите на Советот на јавни обвинители побарале ваков извештај за да извршат оценување.

Но, Јолевски, денеска не дојде да ја слушне пресудата, нема обврска, но остана прашањето до него дали ќе ја продолжи постапката пред вишиот управен суд.

Советот на јавни обвинители минатата година по вторпат не ја избра обвинителката Ристоска за обвинител во Вишото јавно обвинителство.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството и видеото со врзаното девојче

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе