Вести Свет

Германски генерал предлага и жените да бидат регрутирани во војска

Генералниот инспектор на Бундесверот (еквивалент на началникот на одбраната, забелешка ед.) генерал Карстен Бројер предлага жените да бидат регрутирани  доколку повторно се воведе воен рок.

Германија го заврши воениот рок во 2011 година, но законите во земјата сè уште дозволуваат задолжителна воена служба во случаи на војна или други случаи на тензија.

Поради целосната руска инвазија на Украина, во Германија започна дебата за враќање на воениот рок.

Министерот за одбрана Борис Писториус ги претстави плановите за нов модел на воена служба.

Писториус планира да воведе задолжителна регистрација во која младите мажи ќе треба да се изјаснат за својата подготвеност и способност да ја извршуваат воената служба. Младите жени ќе можат  да го направат тоа доброволно.

Министерот ја опиша идејата како „селективна регрутација“, која има за цел да и овозможи на војската да ги повикува само „најспособните, најсилните и најмотивираните“ за обука.

Новиот модел треба да се состои од шест месеци основен воен рок со можност за дополнително доброволно служење воен рок до 17 месеци.

Генералот Бројер истакна дека Германија е центар на Западната одбранбена алијанса и дека на земјата и се потребни преку 400.000 привремени и професионални војници и резервисти.

За да се исполни таа побарувачка, потребни се околу 100.000 дополнителни резервисти, кои првично би можеле да бидат обезбедени од новиот модел, според Бреуер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе