Вести Свет

Делови на Грција денеска се очекува да бидат зафатени од силно невреме

Обилни врнежи од дожд и невреме придружени со голема фреквенција на молњи и град, се очекуваат во текот на денешниот ден во повеќе области на Грција, а од бројот 112 за итни случаи вчера, во северниот дел на земјата беше испратена предупредувачка порака.

– Предупредувачка порака за интензивни временски појави (град, молњи, невреме) од раните утрински часови до пладне на 4 јули 2024 година. Ограничете ги вашите движења за време на појавите и следете ги упатствата на надлежните, беше пораката испратена до сите оние кои се наоѓаат во Солун, Халкидики, Катерини, Кавала и сл.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас рече дека Комисијата за процена на опасности по одржаниот вонреден останок вчера наутро, информирала за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивна громови во повеќе области во Грција, а според прогнозите, најголеми проблеми ќе има на Халкидики, во Солун, Серес, Кавала во раните утрински часови, а од пладне до вечерните часови невремето ќе се прошири до централна Грција, Атина и делови од Пелопонез.

-За невремето, потребна е голема претпазливост во однос на молњите на копно и море, рече Кикиљас, додавајќи дека жителите и посетителите треба да бидат особено внимателни и со морските бури.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе