Вести Свет Топ вести

„Политико“: Трамп преговара со Путин колку украинска земја може да задржи

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп преговара со рускиот претседател Владимир Путин колку украинска земја може да задржи Кремљ за себе, пишува „Политико“, повикувајќи се на двајца стручњаци за национална безбедност.

Како што се наведува во текстот, Трамп разгледува договор според кој НАТО ќе се обврзе дека нема да се шири на Украина и на Грузија и преговара со Путин за тоа „колкава украинска територија може Москва да задржи“.

Трамп, исто така, очекува дека европските членки драматично ќе ги зголемат издатоците за НАТО по неговата инаугурација. Покрај тоа, како што истакнале стручњаците, Трамп планира и „радикална преориентација на НАТО“.

„Малку е веројатно дека Трамп веднаш ќе го напушти НАТО, но дури и ако официјално не ја напушти организацијата, тоа не значи дека НАТО ќе го преживее вториот мандат на Трамп без промени“, наведуваат изворите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сè уште се трага по 11 деца и еден воспитувач по разорните поплави во Тексас

Дејан Дејан

Самитот на БРИКС започна во сенка на политиките на Трамп и тензиите на Блискиот Исток

Дејан Дејан

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе