Вести Македонија Топ вести

Франција гласа – прв круг на вонредните парламентарни избори

Во Франција денеска се одржува првиот круг од вонредните парламентарни избори кои би можеле, за првпат по Втората светска војна, да ја доведат крајната десница на власт, по убедливата победа на партијата Национален собир (НС) над центристичкиот сојуз на претседателот Емануел Макрон на изборите за Европскиот парламент.

Повеќе од 49 милиони граѓани имаат право на глас и ќе избираат 577 пратеници за долниот дом на францускиот парламент. Вториот круг е закажан за 7 јули. Медиумите ги означија овие избори како едни од најважните во последните две децении во земјата.

Претседателот Емануел Макрон распиша вонредни избори на 9 јуни, објавувајќи го распуштањето на Собранието, истата вечер кога крајната десница забележа убедлива победа на европските избори.

Французите го избираат Францускиот парламент на многу специфичен начин. Парламентот се состои од два дома – Сенат и Национално собрание. Сенатот се избира посредно (пратениците се избираат од највисоките претставнички тела) и ги претставува територијалните единици и граѓаните на Франција кои живеат во прекуморските територии. Франција има 18 региони, од кои 13 се наоѓаат во европска Франција, а 5 се прекуморски поседи.

Пратениците во Националното собрание се избираат директно на избори. Макрон го распушти само Националното собрание, па Французите во првиот круг (30 јуни) и вториот круг (7 јули) ќе избираат 577 пратеници по принципот еден пратеник од една изборна единица.

Тие ќе бидат избрани по уникатен изборен систем што го применува само Франција – апсолутно мнозински изборен систем. Иако теоретски изборите можат да се одржат во само еден круг, за избор на нов пратеник секогаш се потребни два круга. Правилата на првиот круг се релативно едноставни. Победник е кандидатот кој ќе освои повеќе од 50 отсто од гласовите под услов да гласале најмалку 25 проценти од регистрираните гласачи во таа изборна единица.

Две анкети објавени во петокот – Институтот Ifop за Фигаро и Sid Radio, и институтот Одокса (Odoxa) за регионалните медиуми и Нуел Обс, предвидуваат дека крајно десничарската група ќе освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите.

Според овие анкети, Сојузот Нов народен фронт, кој ги обединува сите левичарски партии, вклучувајќи ја и Непокорена Франција (LFI, радикална левица), ќе освои меѓу 27,5 и 29 отсто од гласовите, додека групата околу претседателот Макрон ќе добие околу 20,5 до 21 процент од гласовите.

Некои анкети сугерираат дека е можно Националниот собир и неговите сојузници да освојат апсолутно мнозинство од најмалку 289 пратеници.

Ако на изборите НС или левичарската коалиција Нов народен фронт (NFP) освојат апсолутно мнозинство (најмалку 289 пратенички места), Макрон ќе мора да избере премиер од редовите на победничката коалиција, кој ќе ги избере своите министри, односно ќе се појави кохабитација на претседател и премиер од спротивни политички табори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова судска драма за уставната судијка Кацарска: На Судскиот совет предводен од Дамева „му текна“ дека пред 2 години ја пензионирале како судијка

Дејан Дејан

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Desk

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на ГАК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе