Вести Свет

Компании од ЕУ потпишаа инвестициски договори во вредност од над 40 милијарди евра во Египет

Компании од Европската унија потпишаа инвестициски договори со Египет во вредност од над 40 милијарди евра кои опфаќаат широк спектар на индустрии. Ова го соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен од Каиро каде присуствува на дводневната конференција „ЕУ – Египет“.

Настанот беше договорен за време на нејзината средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. Потписите на повеќе од 20 договори и меморандуми со Египет, доаѓа по финансискиот пакет на ЕУ во вредност од 7,4 милијарди евра во насока на стабилизирање на националната економија и запирање на приливот на мигранти во Европа.

Покрај економската стабилност и миграцијата, со договорите се опфатени и политичките односи, инвестициите, трговијата, безбедноста, но и зелена енергија и дигитални обуки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе