Вести Македонија Топ вести

Укинувањето на балансерот ги зајаде албанските партии – АА на Села со обвинување за „Вреди“, „Вреди“ го впери прстот во ДУИ

Искучувањето на нерезидентното население од балансерот, но и најавите на министерот за дигитална трансформација Андоновски дека ќе следи укинување на оваа алатка, продолжуваат да го брануваат политички блок на Албанците.

По ДУИ, кои обвинија дека укинувањето на балансерот е напад на еден од главните столбови на Охридскиот договор, од Алијанса на Албанците (АА) на Села велат дека „Вреди“ е соучесник во бришењето на дијаспората.

„Сите ограноци на Алијансата за Албанците во дијаспората реагираат гласно на неодамнешната одлука за бришење на албанската дијаспора од официјалната статистика за правична застапеност, а за оваа одлука ќе ги алармираме и европските и светските центри за одлучување, како и сите здруженија на албанската дијаспора. Овие нелегитимни одлуки на Владата ги гледаме како чекор кон спречување на нашето враќање во татковината и се сомневаме дека се кријат уште поопасни сценарија“, реагираат од Алијанса на Албанците.

Од „Вреди“ одговорија со обвинување дека ДУИ е таа што ги бришела Албанцие со последниот Попис. Во поткрепа на ова тврдење изнесуваат повеќе примери од населени места, каде бројките од пописот и последните изборите не соодветствуваат.

И смената на првиот човек на Агенцијата за разузнување стана тема на слична политичка пресметка. Тоа што на местото Еролд Муслиу на чело на агенцијата, претседателката Силјановска ја именуваше Габриела Јаковлева, а за најзина заменичка е поставена Ивана Стојановска, во албанскиот опозициски блок препознаваат деалбанизација на институциите. И ги обвинуваат „Вреди“ дека се само гледачи во владата и соработници во деградирањето на Албанците.

Од коалицијата „Вреди“, пак, одговорија дека нивни кадар ќе биде заменик директор во Агенција за национална безбедност (АНБ), институција која според програмата на Владата треба да се спои со Агенција за разузнавање по што предлогот за заменик директор во АНБ од нивните редови ќе биде заменик и во интегрираната разузнувачка служба.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

За еден час – 200 повици, за цело деноноќие – 2.381 – невремето го „прегоре“ бројот 112 во ЦУК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе