Во влезот на зградата табла која го насочува патот кон малиот лифт. А на него пломба од крим техника која значи забранет влез во лифтот. Тој е затворен, а екипата на итната медицинска помош се во добра состојба по вчерашниот инцидент во скопска Кисела Вода.
Фирмата која ја одржува станбената зграда и одговорна за состојбата на лифтот денеска ја чешлаат инспектори. Вработените повеќе одговори најавија за утре. Физичките повреди ќе зараснат, но траумата на медицинарите кои 20 минути биле заглавени во лифтот ќе остане врежана во нивните сеќавања, велат од итната медицинска помош.
„Јас би кажала дека физичките повреди не се толку страшни, психичките се малку полоши бидејќи повеќе од 20 минути нашата екипа била заглавена во лифотот. Мене ми кажуваа и дека немале воздух па го кршеле стаклото за да земат воздух. Значи тоа траело и мислам дека ќе им остави последици извесен период. Мислам дека не е лесно нашата работа е теренска еве гледате со што се соочуваме. Се случува доста често да имаме вакви тип на незгоди во лифт да бидеме со пациенти“, вели Д-р Маргарета Атанасовска Трипуновска Итна медицинска помош .
Надлежните работат на утврдување на причината за падот на лифтот, стравот кај дел од станарите намален. Тие веќе не се возат со овој лифт го користат само големиот.
Во зградата на улица Христо Татарчев бр 47 во Кисела Вода има два лифта, голем и мал. Во малиот лифт вчера се случи инцидент кога екипа на брзата помош се заглавиле во лифт одејќи на повик.. Според информациите на полицијата лифтот почнал неконтролирано да се движи надолу и се заглавил во подрумскиот дел од зградата.. Дали лифтот, кој имал носивост за максимум три лица, пропадна поради претовар, допрва ќе се утврдува.
Симона Петровска