Вести Свет Топ вести

Уапсени високи офицери на армијата и морнарицата – пропадна обидот за државен пуч во Боливија

Обидот за државен удар во Боливија пропадна, уапсени се високо рангирани офицери на армијата и морнарицата кои се соочуваат со обвинение за државен удар и упад во претседателската палата. Боливискиот претседател Луис Арце го смени началникот на вооружените сили Хуан Хозе Зунига под чие водство, војската изведе оклопни возила на централниот плоштад во главниот град Ла Паз. На негово место е именуван Хозе Вилсон Санчез кој најави враќање на редот и мирот во земјата.

Локалните, регионалните и меѓународните челници го осудија насилството во Боливија и обидот за државен удар и повикаа на почитување на демократијата и легитимно избраната власт. Остра критика за боливиската војска за обидот за напад на владината палата во Ла Паз упатија и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и шефот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. Тие порача дека Унијата цврсто стои покрај демократијата и изразија силна поддршка на уставниот поредок и владеење на правото во Боливија.

Тензиите во Боливија растат во пресрет на општите избори во 2025 година. Левичарскиот поранешен претседател Ево Моралес планира да учествува во изборната трка против актуелниот претседател и негов поранешен сојузник Арце, што според познавачите на состојбите, ќе предизвика голем расцеп во владеачката социјалистичка партија и политичка неизвесност.

Многумина не сакаат враќање на сцената на Моралес кој владееше од 2006 до 2019 година, кога беше соборен  со големи протести ширум земјата и заменет со привремена конзервативна влада.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нека каже ВМРО-ДПМНЕ што за нив е национален интерес, ние сме подготвени да разговараме за сѐ, порача Филипче

Дејан Дејан

Филипче: Најсложената операција ќе биде реформа на менталитетот во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Обвинувањата за нелегитимноста на процесот се некоректни и навреда за членовите на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе