Вести Македонија

Судењето за предметот „Синџир“ се одложи, откако еден од осомничените не дојде на денешното рочиште

Додека обвинителството за случајот „Синџир“ се спогоди со дел од обвинетите и благодарение на тоа во буџетот се вратени еден милион евра, главната расправа за останатите се одложи за 8-ми јули. Еден од осомничените не беше присутен на рочиштето, а доколку истиот не се појави на наредното  ќе добие построги мерки бидејќи сепак се работи за притворски предмет од јавен интерес. Обвинети се 32 физички и правни лица кои создале шема за даночно затајување, преку која од државниот буџет испумпале околу осум милиони евра.

Адвокатот на еден од обвинетите го пофали коректниот однос на судијката Даниела и во иднина очекува праведно судење, на кое ќе се открие вистината.

„Јас лично како бранител знаејќи ги повеќето од обвинетите не верувам дека тие имаат капацитет самостојно да го оргазнираат и извршат ова. Очекувам полека полека, вистината да излезе на виделина, а тоа ќе биде во текот на главната расправа“, изјави Валентин Зафиров, адвокат.

Во меѓувреме шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица се спогодија со обвинителството.

„Согласно одредбите од Кривичниот законик за кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна, а за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години, правното лице се казнува со парична казна до еден милион денари или ако делото е сторено од користољубие или е предизвикана штета од големи размери најмногу до петкратниот износ на предизвиканата штета или остварената корист“, соопштија од Јавното обвинителство на Македонија.

Истражната постапка беше започната на 30 октомври 2023 година. Бизнисмените Стојан Чифлигароски од Битола, чија фирма СВ-Инвест во изминатите години добиваше милионски тендери од РЕК Битола, и Љупчо Пецов Ѓаволот од Неготино, кои се товарат дека биле организатори на групата се во бегство и за нив нема обвинение. Во бегство е уште еден осомничен.

Тамара Марковска

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе