Собранието ги верификувашe мандатите на новите осум пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри.
Поддршка дадоа сите присутни 76 пратеници. Пратеници стануваат Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Фериде Хаџиу и Каљтрина Хаџиу од коалицијата Влен.
Тие доаѓаат на местата на Мицкоски и на минустрите Гордана Димитриеска Кочоска, Љупчо Димоски, Изет Меџити, Владо Мисајловски, Иван Стоиљковиќ, Александар Николоски и Фатмир Лимани.