Вести Македонија

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда

Игор Филков ја презеде функцијата министер за правда, информираат од Министерството за правда.

Министерот, како што се вели во соопштението, најавил дека во својот мандат ќе преземе реформи во сферата на правосудството и засилување на борбата против криминалот и корупцијата, деполитизација на судството и обвинителството, враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем и  владеење на правото.

Во периодот кој следи ќе се обрне поголемо внимание на измените на законите за Судски совет, за Јавно обвинителство, за Советот на јавни обвинители, спроведување на реформската агенда во рамки на процесот на имплементација на Планот за раст на Западен Балкан, Патоказот за владеење на правото кој ќе ги исцрта насоките на реформите и мерките до крајната цел-завршување на преговорите како и вклучување на земјите кандидати во Извештајот за владеење на правото како инструмент за рана детекција или превенција на предизвиците со владеењето на правото, се вели во соопштението од Правда.

Филков, кој е член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ – „За Наша Македонија“, е роден во Скопје, каде и дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитет „Св.Кирил и Методиј.

Тој на функцијата ќе го замени Кренар Лога, од редовите на Алијанса за Албанците, крилото на Зијадин Села, кој беше министер за правда од февруари 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе