Вести Македонија

Почина Исуф Кадриу, заменик-главен уредник на ТВ АЛСАТ

Исуф Кадриу почина на 52-годишна возраст од срцев удар во туристичкиот град Шенѓин, Албанија, каде што беше на одмор со семејството.

Оженет е и татко на три деца. Средното образование го завршил во гимназијата во Гњилане, додека новинарство дипломирал на Универзитетот во Тирана.

Од 2008 година е заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде што даде извонреден придонес во процесот на организирање и водење на работата во информативната програма на телевизијата.

Во текот на работата се истакнуваше по големата професионална посветеност и колегијалност. Новинарската кариера на Исуф Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година, вклучително и чувствителниот период на конфликтот во 2001 година, каде со посветеност, не штедејќи ништо од професионален аспект придонесе за правично и објективно информирање за случувањата на терен, а честопати и самиот беше во улога на воен известувач од фронотот.

Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.

Информацијата за смртта на Кадриу ја објави и Телевизија Алсат.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Пожарот кај Василево се шири кон Сушево и Злеово, на помош и полициски хеликоптер

Дејан Дејан

Митева за изборите во СДСМ: И по Заев, доаѓа Заев

Дејан Дејан

Се шири чад и смрдеа – трет ден гори во и околу депонијата кај Добрашинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе