Вести Македонија

Портокаловата фаза и не почитувањето на препораките на лекарите, ги зголеми повиците од граѓаните до итната медицинска помош

Булеварите и улиците речиси празни, термометарот достигна и до 39-тиот степен, топлото време ги затвори граѓаните. Но портокаловата фаза и не почитувањето на препораките на лекарите, ги зголеми повиците од граѓаните до итната медицинска помош. И болни и здрави на удар од пеколните горештини, а колапсите и инфарктите станаа се почести. Пиење повеќе вода и течности, носење лесна облека и без движење надвор во периоди кога е најтопло, да се внимава на исхраната, а хронично болните редовно да ја примаат терапијата, советуваат лекарите од Итната медицинска помош.

Топло време не очекува и во текот на наредните денови, велат метеоролозите.

Во последите 24 часа до центарот за управување со кризи имало повеќе од 2илјади повици од граѓани кои побарале помош. Регистрирани биле и 12 пожари на отворено, од кои четири се уште се активни, и тоа во Општина Градско, Кичево, Дојран и Општина Ново Село.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе