Вести Свет Топ вести

Од огномет и пиротехнички средства од јахта, предизвикан пожар на грчкиот остров Идра

Голем пожар во борова шума беше предизвикан доцна синоќа на грчкиот остров Идра од огномет и пиротехнички средства испукани од приватна јахта, пожар што веќе е локализиран.

Според грчките медиуми, постоела пријава од капетан на соседен брод дека од огнометот од конкретната јахта бил предизвикан пожарот, а од претпладнево во тек е прелиминарна истрага на противпожарната служба на Грција.

Јахтата е закотвена во морскиот дел во близина на Атина, според истите информации, ја изнајмиле група од 17 странски државјани кои денеска ќе дадат исказ.

Градоначалникот на Идра Јоргос Кукудакис, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ изрази огорченост од фактот што „некои луѓе толку неодговорно фрлаат огномет во борова шума“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе