Членот на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари смета дека ДУИ продолжува да оди наназад. Таравари меѓу другото на Фејсбук објави дека ДУИ моли за да бидат во Влада и се претвориле во „питачи за позиции“.
ДУИ продолжува да оди по погрешен пат. Партијата моли да стане дел од Владата. Колку и да ја одбиваат, сепак праќа емисари кои се претворија во питачи за позиции, напишал Таравари во својот статус.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер Христијан Мицкоски по добивањето на мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги нарече опасни политичките игри на ДУИ со најава дека ако продолжат така-многу бргу вистината ќе излезе на виделина, без да прецизира за што станува збор.