Вести Македонија Свет Топ вести

Македонски државјанин фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Државјанин на Република  Македонија бил приведен по предмет на Окружното обвинителство во Ќустендил поради обид за криумчарење на 21 килограм амфетамин во Бугарија, соопштија од Обвинителството во Софија.

Со наредба на обвинител од Окружното обвинителство, 41-годишниот маж е приведен.

Казната предвидува затвор од 10 до 20 години и парична казна од 100 до 200 илјади лева, соопштиле од тамошниот Окружен суд.

Македонскиот државјанин бил приведен на 3 јуни околу 19 часот и 45 минути во реонот на бугарскиот граничен премин Гуешево.

Дрогата била пронајдена во возило марка „мерцедес бенц“ со скопски регистарски таблички.

Во моторниот простор на возилото биле пронајдени 18 пакетчиња бела кристална материја која при теренското тестирање реагирала на амфетамин.

Нејзината вкупна тежина е 21 килограм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меѓупартиски судир на наративи: ВМРО-ДПМНЕ слави, СДСМ предупредува за економски пад и одлив на инвестиции

Дејан Дејан

Протести во повеќе бугарски градови за заштита на левот

Дејан Дејан

Денеска ќе се знае кој ќе биде кандидатит на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе