Вести Македонија Топ вести

Димишкова: „Итно копче“ ми дава надеж да се чувствувам подостоинствено

Општина Кисела Вода, ја промовираше новата услуга насловена “Итно копче” наменета за најранливите категории на граѓани, стари и изнемоштени лица. Станува збор за услуга која ќе се спроведува заедно со Црвениот Крст, ќе биде достапна 24/7, а лицата ќе може да побараат помош преку притискање на само едно копче.  

33 години сум дијабетичар и секој ден мака мачам со сето она што ми го донесе животот, но духот не ме напушта. Свесна сум дека сите се зафатени со свои обврски и не им забележувам, но токму ваквата услуга “Итно копче“ ми дава надеж да се чувствувам подостоинствено, вела Петранка Димишкова. Фактот дека имате кому да се јавите и без никаков проблем да дојдат и да ви помогнат значи многу за мене, при тоа верувајте ми за човек кој видел мака во живот никогаш не му паѓа на ум да злоупотреби нешто кога знае како е да си беспомошен, додава таа.

  • А ова „чудо“ прв пат го гледам и така како што ми објаснија вистина ќе му помогне на човек кој е болен. Јас сум 33 години болна, но нема доктор кој ме видел, и ногата кога ми ја ампутираа, велат одлично изгледа, добро се снаоѓа во просторот, навистина не знам што им значи тоа. Не можам да се помирам од една силна жена станав инвалид, врзана за кревет и уште сум. Тешко ми е сакам сама да ги завршам работите ми иде да полетам кон кујната. Три деца сум исчувала и сега нема никој сите имаат свои проблеми. Мажот ми е со проблеми со срцето и не може да ми помогне- Петранка Димишкова.    

Веќе трета година ваквата услуга функционира на ниво на Град Скопје,тоа значи дека до сега 124 корисници го користеле Итно копче. На годишно ниво има над 700 повици, велат од Црвениот крст, во 5 до 7 % станува збор за итни случаи во кои понатаму се координираат со Итната медицинска помош.

  • Оваа услуга, која е достапна 24/7, е овозможена преку соработката со Црвениот крст и претставува уште еден чекор напред во нашата посветеност кон грижата за најранливите категории на граѓани.„Итно Копче“ е иновативен аларм-уред кој на нашите сограѓани им овозможува брз и лесен пристап до помош во секое време. Сѐ што е потребно е да го притиснат копчето на уредот, по што ќе добијат повик од операторот на контакт центарот на Итно Копче. По воспоставувањето на контакт, корисникот ќе ги сподели информациите за своите тегоби, а обученото лице ќе му даде понатамошни насоки. Доколку е потребно, ќе биде испратен тим за прва помош директно во нивниот дом- Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Најчестите повици се на возрасни лица поради пад во домот, кои се обидуваат да стасаат до кујна, до тоалет и тоа најмногу повици има во трета смена, во доцните часови.

  • Сме имале ситуации каде што имало мозочен удар, две такви ситуации паметам. Сме имале ситуации каде што имало пукнато абдоминална аорта, навистина итни ситуации со тоа што важно е дапоменам дека во такви ситуации Црвениот крст дава само прва помош понатаму прави се Итната медицинска помош- Александра Боева- Тодоровска, Црвен крст на РМ.    

Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, се надева дека ваквата соработка со општинитеќе продолжи и во иднина со што услугата „Итно копче“  ќе биде достапна за најранливите категории на граѓани, стари и изнемоштени лица на кои таа им е најпотребна.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе