Вести Македонија Топ вести

(видео)Гаши: Прашањето за уставните измени треба да го решиме што побргу но, не на сметка на меѓуетничките односи

На прашањето кога ќе се отвара Уставот и што е договорено, бидејќи „Вреди“ имаше цврст став на почетокот, а сега ретерира, претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека тоа е сензитивно прашање во државата.

  • Откако почна да се зборува за францускиот предлог и имаше протести, посебно кај Македонците како етничка заедница во државата. Можеби еден дел од гласовите кои отидоа за ВМРО – ДПМНЕ беа токму за резервираниот став за уставните измени. За среќа, најголемиот дел од граѓаните и политичките партии, сите сме за интеграција на земјата во ЕУ и тоа да биде што побргу. Сега, тоа што ВМРО-ДПМНЕ го стави во нејзината програма треба да седнеме да разговараме. После изборите во Бугарија, после изборите во ЕП, бидејќи францускиот предлог дојде од Брисел, па треба да се имаат сите елементи во мозаикот за да можеме ова горливо прашање да го решиме. Треба да го решиме што побргу но, не на сметка или рушење на индентитетот, културен, јазичен на Македонците и не можеме да ги нарушуваме меѓуетничките односи. Треба да работиме на поголема кохезија меѓу заедниците во државата, рече Гаши.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе