Вести Македонија Топ вести

Африм Гаши во Топ Тема: Не памтам кога сум почнал да зборувам македонски, што значи дека не можам да имам анимозитет кон македонскиот јазик

Африм Гаши, претседател на Собранието, кој заклетвата ја кажа прво на албански јазик, на прашањето зошто правото на лично изразување го става пред Уставот, правото и Деловникот чиј што прв чувар е токму тој, во интервјуто за Топ Тема рече дека не сака да се вовлечеме во дневна политика со такви мали работи

  • Употребата на албанскиот јазик е одамна регулирана работа уште од 2008, тој ден беше празник се конституираше собранието, а партиите го користат за некој евтин пи-ај.

Имаше потреба за додворување на вашите гласачи?

  • Јас немам проблем со македонскиот јазик, јас го учам и го зборувам македонскиот јазик истовремено со албанскиот јазик од моите први години, јас сум израснат во средина со македонски, така што не памтам кога сум почнал да зборувам македонски што значи дека не можам да имам анимозитет кон македонскиот јазик. Конститутивната седница беше подготвена од службите на собранието кои се исклучително професионални, имавме претседавач и да беше прочитана заклетвата првпат на македонски ќе ја прочитав на македонски, да беше на албански ќе ја прочитав на албански. Мислам дека е тоа технички дел и дека е важно што се прочита и на македонски и тука треба да се апсолвира тоа прашање затоа што нема никаква суштина.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе