Вести Македонија

Речиси половина од населението се пушачи – покажува истражувањето на ИЈЗ

Миризба и чад насекаде, а речиси секој граѓанин може да се забележи како држи цигара. Бројот од година во година се зголемува па Македонија се искачи на првото место во Европа на граѓани – активни пушачи.

Достапноста, ниските цени и недоволната едукација причина младите да бидат на чекор пред повозрасните во употреба на тутун. Знаејќи дека дејството е штетно, сепак дел од граѓаните не се откажуваат.

Но, има и такви кои се свесни за штетните последици.

Кардиоваскуларни, респираторни, репродуктивни, малигни, ендокрини и многу други видови заболувања може да се јават како последица од редовна употреба на тутун, алармираат лекарите.

Бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45,4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти кои успешно се обиделе и се откажале од пушење во последните години, покажува истражувањето на институтот за јавно здравје.

Надлежните апелираа граѓаните да ги користат специјалните обуки за одвикнување од пушење во центрите за јавно здравје, но со законот за заштита од пушење кој се донесе во 2018-та година дозволи користење тутун само во специјално одредени простории и отворени тераси, но според истражувачите овој закон воопшто не се почитува.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе