Вести Македонија Топ вести

За предметот на Кардихирургија Обвинителство да донесе квалитетен експерт, бара Демири

Во вечерашното гостување во емисија ВИН ВИН, министерот за здравство Демири, се осврна и на проблемот во државната кардихирургија каде неодамна тој му врачи отказ на директорот Шокаровски.

  • Државата се однесува многу коректно има обезбедено средства од 2011 да доаѓаат светски познати кардиохирурзи и да не учат нас кардиохирургија. Од 2011 се три генерации на млади специјалисти кои треба да работат во државна кардиохирургија. Каде се нашите деца кои од 2011 завршиле специјализација кардиохирургија и анестезија наменета за кардиохируршки интервенции. Тоа се 14 години уште колку време треба да им плаќа државата на светски реномирани кардиохирурзи да не учат? Дали Центарот во Дедиње плаќа 14 години?, праша Демири.

Тој рече дека не знае колку оваа клиника потрошила изминативе години, но истакна дека тоа треба да го открие Обвинителството и да го изнесе во јавноста.

Многу е важно вели тој, што е за мене е поболно тоа што не сме поизвеле кадар и останува монополизација на тројца кардиохирурзи, двајца млади кои не се самостојни, оперираат под надзор на друг, уште колку државата треба да плаќа за тие да научат да оперираат сами.

  • Апропо статистичките манипулации кои ги прават е сосема различно кардиохирургија од васкуларна интервенција. Ако го пребиеме збирот и дадеме една смртност, смртноста ќе биде многу помала, ако бројот на смртни случаи го поделиме на само кардиохируршки интервенции и васкуларни интервенции, кои имаат многу пониска смртност тогаш бројката ќе биде застрашувачка.

Тој одрекува дека станува збор за евентуални политички пресметки, бидејќи ситуацијата е многу сериозна. Затоа рече, предметот го дадов во Обвинителство и бара да се донесе квалитетен експерт од странство а не анонимуси, да се почне со едуцирање на кадар и младите да имаат приоритет да специјализираат кардиохирургија и анестезиологија наменета за кардиохирургија и во рок од 6,7,8 години ние да станеме независен кардиохируршки центар, рече министерот Илир Демири во вечерашната емисија ВИН ВИН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма во Чучер Сандево со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Охридскиот регион на Листа на светско наследство во опасност предлага УНЕСКО- властите да преземат итни чекори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе