Суштината е следна, Клинички центар и компресорската станица е градена пред 30 години, тоа има рок на траење, а сопственост е на Општи служби и ние лекарите се служиме, објасни министерот за здравство Илир Демири во гостувањето на вечерашната емисија ВИН ВИН.
- Проблемот е настанат во 2006 година кога е направена дисперзијата. Тие што го направиле тоа сега треба да направат една ретроспектива да видат каде се грешките и да не ги повторуваат. Ние го имаме овој проблем пред месец и пол се случи хаварија на еден од компресорите во компресорската станица, а која според стандарди има три компресори, пукна клипче од тоа клипче влезе улје во дистрибутивната мрежа и имавме сериозни проблеми. Во тек на три дена е поправено, благодарение на поддршката од Тега и Дрегер компанијата, бидејќи е предвидено со закон и со тендер на јавни набавки, па не се предвидени средства ни за сервисирање ни за хаварија. Ете колку не ограничува законот, рече тој.
Демири кажа дека откако го средиле ова веднаш побарал од директорите да отворат процедура за јавна набавка за да се смени компресорската единица, токму со овие оправдувања дека немам средства и дека сме пред избори.
- „Го исклучивме едниот компресор останавме со два компресори за да имаме квалитетна дистрибуција. Хипербарната комора која е во склоп со Пластична хирургија ја исклучивме, како можна опција за да имаме квалитетна дистрибуција“, кажа министерот за здравство.
Тој рече дека пред десетина дена без да има никаква хаварија се јавила миризба која била необјаснива, па се потрудиле да најдат некоја компанија која ќе потврди квалитет или неквалитет на гасовите.
- „Ниедна од нив не е лиценцирана иако имаат уверенија и испитувања но тие се интерни и не може со сигурност да се каже кој е квалитетот. Во тие испитувања има покажано само дека има покачена влажност на воздухот. Препорачаа да се сменат филтрите во три наврати и ставивме уште еден дополнителен филтер за да се намали таа влага. Но, додека не дојдат резултатите од испитувањата од Германија, каде има лиценцирана компанија, која може да даде лиценца за јавна употреба ние ќе бидеме резервирани“, рече Демири.
За да не патат пациентите во Клинички центар се послуживме со алтернативна можност тоа се надворешните компресорски единици, кои сега се користат на КАРИЛ и во хируршките сали за операции кои се потешки и не може да се изведуваат во „8-ми Септември“ или во „Наум Охридски“.
- Според ова никој во моментов не страда и секоја интервенција се завршува на време и пациентите и пациентите се згрижени, рече тој и истакна дека се грижи ако има случај на некоја сообраќајка поради која може здравствена услуга да им биде потребна на поголем број на пациенти, тогаш како се ја менаџира ситуацијата.
Демири кажа дека денеска имал состанок со директорите на јавни служби, на хируршки клиники и одговорните за јавни набавки, образложението било дека сме во процес на избори и не може да распише тендер.
- Јас напишав писмо кое го испратив до влада бидејќи владата е сопственик на општи служби. Писмото го пратив и до директорот на Општи служби да отвори тендерска постапка да почне под итно комплетно да се менува компресорската станица и дистрибутивната мрежа која е дотраена, истакна министерот во ВИН ВИН.