Вести Македонија

Одбележан Светскиот ден на на лицата заболени од мултипла склероза

Да се подигне свеста за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза, да бидеме видливи во општеството и со еднакви можности како и сите останати во однос на нашите потреби и барања, порачаа на денешниот марш претставници на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија“.

Раната дијагностика и третирање на мултипла склерозата е исклучително важна  и може во голем процент да се дејствува да не дојде до настанување на инвалидитет и прогресирање на болеста во голема мера. Тие го повторија своите барања до Министерството за труд и социјала во однос на добивање и користење на додатоците за помош од друго лице, да се поедностиви процесот на апликација на документи и да бидат запазени критериумите при поднесувањето.

 

„Другото барање е во однос на здравството, лековите кои до сега ги имаме за третирањето на оваа дијагноза не се конкретни, тие се само имуномодулатори кои може да влијаат на организмот. Да бидат во поголем број достапни за нас. Јас не сакам во проценти да одам, тоа е работа на Универзитетска клиника за неврологија, но важно е да има да има поголема соработка со Министерството за здравство за добивање на повеќе лекови за лица со мултипла склероза. И да се донесат нови, иновативни лекови кои се користат во развиенте држави и овие лица живеат многу посоодветно“, посочи Христина Просковска, претседателка на огранокот за мултипла склероза при Мобилност Скопје.

 

„Позади оваа организација стои Сојузот на Мобилност Македонија, имаме тука лица со телесен инвалидитет, не само од Скопје туку и од цела Македонија. Се надевам ваквите настани ќе ја подигнат свеста за сетоа она со што се соочуваат лицата со инвалидитет или со попреченост“,изјави Гоце Миновски, претседател на Мобилност Скопје.

Во целиот овој процес за подигање на јавната свест многу е важно да се посвети внимание на психолошкиот и на психијатрискиот аспект, додава Просковска. На настанот се приклучија и лицата со параплегија и дистрофија. Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност“ брои 2.700 членови и постои веќе 36 години.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе