Вести Македонија Најважни

Наместо 14 дена трансмитерите против дијабет кои им ги даде државата на пациентите траат само три – алармираат родителите

Започнаа да се користат пред шест месеци, ги промовираше министерството за здравство, но државните сензори за дијабетес наместо да им го олеснат животот на пациентите, им донесоа дополнителен трошок.

Трајноста е многу пократка од предвиденото, вели Костадин Костадиновски родител на дете со дијабетес, затоа што дозата на трансимитерите побрзо се троши па тие се приморани приватно да плаќаат, дури и по 100 евра за трансмитер за да работи сензорот 14 дена.

Животот со дијабет е тежок, додава Костадиновски и вели дека комуникацијата со институциите оди уште потешко. Неговата ќерка Јана веќе една година има тип 1 дијабет, а бил откриен сосем случајно.

Случајно на систематски преглед дека има дијабет открил и Коце Николовски.

Веќе од следната година да нема тендери туку да се промени модулот со отворен пазар и референтна цена се со цел младите пред се да бидат здрави и нормално да го живеат животот, побара Димче Велев од здружението на дијабетичари и порача час поскоро да се смени позитивната листа која како што вели токму власта ја објавила, па наместо досегашните два би влегле дополнителни седум лека кои досега ги купувале приватно.

По повеќе од пет години откако овие сензори беа барани од родителите на деца со дијабет лани во месец ноември стигнаа на клиниката за детски болести во Скопје.  Наместо со класично боцкање, преку овој уред родителите ќе можат да ја следат состојбата на децата кои имаат тип 1 дијабет. Освен малолетните лица овие сензори ги добија и лицата со компликации. Преку едукативен настан за градење на дијабетес култура и подигнување на свесноста за тоа како живеат лицата со дијабет, во градскиот парк во Скопје  во организација на здружението на дијабетичари граѓаните, но и лицата со тип 1 дијабет имаа можност да го измерат шеќерот во крвта.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе