Вести Македонија

Два дена по изборите во Ларце, МВР откри и соопшти дека симпатизери на “Вреди” пукале при прослава

(ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА) Откако заврши прегласувањето во селото Ларце каде со доволна разлика за уште еден мандат победи коалицијата “Вреди”, на партиската прослава имаше повеќе истрели од огнено оружје. Истрелите и опасното дивеење со пиштоли беше регистрирано и од повеќе новинарски екипи на терен.

МВР ден по изборите, не извести за инцидентот, а во денешниот билтен дури во попладневното дополнување на регистрирани настани, МВР “откри” дека имало таков постизборен инцидент.

-На 23.05.2024 во Полициско одделение Групчин е пријавено дека по завршување на изборниот процес при прегласувањето во тетовско Ларце на 22.05.2024, при прославата било пукано со огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои на последното место во билтенот на МВР, веднаш зад пријава за напад на улично куче, оваа информација за употреба на пиштоли.

Засега МВР се уште не откри кој пукал и се уште нема одземено ниту едно парче оружје.

Слични инциденти имало и во претходни изборни циклуси, а во 2021-ва, по локалните избори во Чаир, еден од сторителите на вакво дело беше откриен и казнет преку признание на вина со парична и условна казна. Оружјето тогаш не беше пронајдено, но беше поништена дозволата за оружје на пиштолџијата кој со куршуми среде толпа славеше изборна победа на плоштадот Скендербег.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Боцевски во „Топ тема“: Принципот „100 дена“ е од времето кога веста за избор на влада патувала со коњ

Дејан Дејан

Муслиу во „Топ тема“: Видов ентузијазам и енергија кај премиерот, се надевам нема да ги загуби, има промена и во пристапот кон странските инвестиции

Дејан Дејан

Боцевски во „Топ тема“: Македонија повторно е на мапата на развојот, се враќаат инвестициите по седум години пауза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе