Вести Македонија

Домашен притвор за родител кој тепал соученик на неговиот син во основно училиште во Битола

Домашен притвор доби таткото што натпадна соученик на неговиот син и наставничка во Битола, откако обвинителствотo поведе постапка за мажот и жената осомничени дека извршиле грубо насилство врз малолетник роден 2009-та година.

Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот, информирааа од обивнителството.

Откако си заминале насилните родители, другите деца од страв барале од наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат. Ова, според обвинитеството, покажува дека двајцата осомничени предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе