Вести Македонија Топ вести

Прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за новата влада

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ денеска во 14 часот на средба во Белата палата.

Се очекува да ги почнат разговори за усогласување на програмата на идната влада.

Двете страни потврдија дека тимовите за преговори се веќе подготвени, а на првиот состанок се очекува да ја дефинираат динамиката и методологијата на работа.

Тимот на ВМРО-ДПМНЕ е на потпретседателско ниво, односно преговорите ќе ги водат Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриевска Кочовска и Тимчо Муцунски.

Во тимот на коалицијата „Вреди“ се Азир Алиу од Алијанса на Арбен Таравари, Висар Ганиу од Демократско движење, Аднан Азизи од Беса и Башким Муртези од Алтернатива.

Два дена по изборите претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите оствари прва средба со лидерите на „Вреди“, Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши во седиштето на албанската коалиција во скопската чаршија.

По  лидерската средба од ВМРО-ДПМНЕ  соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Извештајот на ЕП не го загрозува идентитетот

Дејан Дејан

Остатоци од запалена гума кај пожарот до Смилковци-  истрагата утврдува дали пожарот е подметнат, казните за намерно предизвикување шумски пожар се најмалку 8 години затвор

Дејан Дејан

Пожарите на дивите депонии најголеми загадувачи на воздухот, велат експертите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе