Вести Македонија Топ вести

Зголемено нивото на браната Калиманци- Оризопроизводителите се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени

Врнежите од дожд го зголемија нивото на брана Калиманци, од која се наводнуваат нивите во целиот Брегалнички регион. Нема опасност од нејзино излевање, акумулирани се 109 милиони кубни метри вода.

Според првиот човек на Водостопанство „Брегалница“ – Кочани, Благојчо Богатинов ова значи дека нема да се повтори минатогодишниот проблем на земјоделците  со сувите ниви во Овчеполскиот регион.

Оризопроизводителите пак од кочанскиот регион се жалат дека дел од каналите за наводнување се неисчистени, има и искршени каналетки, па поради тоа водата честопати не завршува во нивите.

Во кочанскиот регион од вчера нивите под ориз почнаа да се полнат со вода од акумулацијата Калиманци.Годишниот план под ориз е да бидат посеани околу 3.700 хектари.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе