Вести Економија

Бауш: Прво да се стави ред со трошењето дома, па потоа да се размислува за позајмици од една милијарда евра

Домашните експерти воопшто не се изненадени од тоа што Народната банка ги намали проекциите за  раст на домашната економија за годинава од 3 на 2, 6 отсто. Велат дека до крајот на 2024 процентот  можно е да оди и подолу.  Инфлацијата се уште дава отпор, а поради политичките случувања,  изборите,  закочени се економските активност и тоа дирекно  влијае на растот.

Оваа година не очекуваме поголем раст од 2, 5 или 2, 6 отсто дури и мислам дека ќе има намалување на овој процент на БДП,  затоа што секоја нова влада се обидува да ги затегне економските параметри и секогаш оди во надолна линија. Понатаму кога ќе се планира нов буџет можеме да бараме нови проекции и нови бројки, вели економскиот аналитичар Абил Бауш.

Во однос на најавите за  нов економски пакет – задолжување од 1 милијарда евра кај странка влада, експертите му порачаа на идниот мандатар Мицкоски  дека поважно прво да се стави ред со буџетското трошење,  па потоа да се разгледуваат опциите за позајмици.

Се очекуваат намалувања на каматните стапки што значи цената на чинење на парите ќе се намали и тогаш може да најдеме подобри услови.  А пред тоа новата Влада би требало да се занимава со подобро трошење на буџетските пари отколку да се нафати на некои такви авантури од милијарда евра, додава Бауш.

И од Народната банка вчера посочија дека во време кога се уште се високи каматните стапки меѓународните финансиски институции се оние кои нудат подобри услови за заем и дека фокусот треба да биде кај нив.

Од банката предупредија на високиот дефицит и јавен долг кој надминувал 60 отсто од БДП.

На домашен терен не гледаат некое значајно намалување на цените кај храната кои се двојно повисоки од пред пандемијата. Според, меѓународните финансиски институции, земјава годинава ќе има најслаба економија о регионот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе