Прашањето на името не е од оние прашања кои можат да бидат модифицирани, ниту унилатерлано, ниту со заеднички договор. Ова е новата порака која денеска стигна од Грција по прашањето на употребата на уставното име на Македонија, откако на инаугурацијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова, не го изговори уставното име на државата „Република Северна Македонија“.
Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во интервју за ЕРТ посочи дека она што го бара Грција е почитување на договорот од Преспа, како меѓународен договор кој мора да се применува. Притоа тој напоменува дека Договорот е постигнат и ратификуван од двете страни и е дел од политичкотот уредување и во Грција и во Македонија.
Разбираме дека новото политичко раководство можеби има поинакво идеолошко гледиште, светогледно, но има и прашања кои се надвор од нивната волја. Не се работи за самоопределување на секој политички функционер. Сите го разбираме тоа. Се работи за почитување на договорите и грчката влада ќе дејствува во таа насока, изјави грчкиот министер за надворешни работни.
Герапетритис го искористи интервјуто да и одговори и на критките од грчката опозиција за тоа како владата на Кирјакос Мицотакис регирала на проблематизирањето на уставното име од страна на македонската претседателка.
Грција не моли. Грција бара примена на договорот. Знаете многу добро дека од моментот кога меѓународен догвор е ратификуван во Собранието тој станува посилен од законите, рече Герапетритис.
Опозициската СИРИЗА пак денеска најави дека трите меморандуми кои проилегуваат од Преспанскиот договор, а кои се уште не се ратификувани од грчка страна, наскоро ќе ги поднесе за ратификација. Според СИРИЗА, владата на Нова демократија со одбивање да ги ратификува трите меморандуми вушност не го штити законски Преспанскиот договор, кој истовремено како влада го брани и бара да биде почитуван.
Шефот на грчката дипломатија за трите мемирандуми пак со став дека нивната ратификација зависи од целосна примена на Договор од Преспа, односно дека меморандумите ќе бидат ратификувани кога грчката страна ќе се уверу дека има целосна усогласеност, бидејќи имало точки кои соседната земја не ги испочитувала, а се различни од прашањето за името.
Но освен новите предупредувања од Грција, да не се отвора прашањето за името како стигна и од Германија. Сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), како што објави „Дојче Веле“ испратило предупредување дека повторно разгорување на спорот за името е целосно непотребно и опасно.
Новата претседателка на Северна Македонија, Силјановска-Давкова, на својата функција е исто толку обврзана да го почитува компромисот меѓу Северна Македонија и Грција, колку што беше и нејзиниот претходник, изјави јирген харт, член на комитетот за надворешни работи на бундестагот од цду.
Според Харт Брисел треба да им испрати јасна порака на новоизбраната претседателка Силјановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат беше таа на изборите, дека таквата политика нема да се толерира.
Неодобрување за потегот на Силјановска Давкова стигна и од владеачкотот мнозинство во германскиот парламент, од каде нејзиниот потег го оценија како „несреќен и за жалење“.
Тамара Грнчароска