Вести Македонија

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

По давањето на свечената изјава на претседателката Силјановска од коалицијата “Вреди” изразија загриженост “што емоциите од кампањата влијаат на рационалноста во првите чекори во реал политика.”

-Имаме разбирање за чувствата на македонскиот народ, но нема втора шанса за прв впечаток за новата шефица на државата – реагираат од коалицијата  “Вреди” по заклетвата на претседателката Гордана Силјановска Давкова без уставното име Република Северна Македонија.

-Претседателот на Републиката мора да биде пример за почитување на Уставот, особено кога станува збор за професорка по уставно право. Северна Македонија е полноправен член на НАТО Алијансата и со почнати преговори со ЕУ, но, не чекаат уставни измени за да продолжиме по европскиот пат. Не ни треба отворање на старите рани. Затоа, добро е што новата претседателка ја потпиша заклетвата со уставното име, што сепак е знак дека реалноста де факто е прифатена од неа, се вели во соопштението од потенцијалниот коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата чија кандидатка беше Силјановска Давкова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јужнокорејците гласаат за нов претседател

Дејан Дејан

ЕК ќе објави дали Бугарија ги исполнува условите за влез во Еврозоната

Дејан Дејан

Жителите на Киев и украинските војници се скептични дека разговорите во Истанбул ќе донесат мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе