Вести Македонија Топ вести

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто или девет отсто повеќе од претседателските избори во 2019 година

Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто или за девет отсто поголема од истиот термин во првиот круг на претседателските избори во 2019 година, соопшти Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК), на прес-конференција попладнево. 

Податоците, како што информира, се однесуваат на пристигнати податоци од 1.788 избирачки места со запишани 899.977 гласачи од кои правото на глас го искористиле 379.612 лица.

Најголема излезност, додаде првиот човек на ДИК, е забележана во Новаци – 67,19 отсто, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

„До овој момент во ДИК се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, 75 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат нивното право на глас, 27 приговори се отфрлени како неуредни, а 38 приговори се одбиени. Останатите се обработуваат. “, изјави Даштевски кој истакна дека на сите избирачки места е мирно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе