Вести Македонија Топ вести

Сликал гласачко ливче со телефон – уапсен избирач во Охрид

Во Охрид е уапсен избирач кој го сликал гласачкото ливче со телефон, соопштија од СВР Охрид. Досега се регистрирани вкупно шест такви изборни инциденти, кога гласачи ги сликале ливчињата.

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека двапати тоа се случило во Скопје, а покрај Охрид, сликање на ливче било регистрирано и во Радовиш, Берово и во Штип.

Во Радовиш е забележано уште едно прекршување на тајноста на изборите, кога гласач го покажал ливчето на набљудувач на политичка партија на избирачкото место.

Инаку, МВР оценува дека станува збор за мирен изборен ден.

Полицијата ќе продолжи со издавање на лични докумнети до крајот на гласањето, односно до 19 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе