Вести Свет

Украинската армија тврди дека ја држи контролата над Часов Јар и покрај руските напади

Градот Часов Јар во источна Украина останува под украинска контрола и покрај обидите на руските сил да го освојат, соопшти украинската војска, пренесува ДПА.

„Часов Јар се држи. Непријателот врши притисок, но ситуацијата е под контрола, нема руски војници во градот“, изјави денеска портпаролот на локалните украински трупи, Назар Волошин.

Волошин, исто така, рече дека руските копнени сили неуспешно се обиделе да напредуваат со артилериска поддршка.

Се верува дека по заземањето на Богдановка, следна цел на руската армија е Часов Јар, кој е одалечен само неколку километри од линијата на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред само неколку дена го посети Часов Јар и изврши увид во неговата одбрана, потсетува ДПА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе